По повод годишнината од трагичниот пожар денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.

Пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот по полноќ. Во трагедијата животот го загубиле 63 лица, а над 200 беа повредени.

Овој настан претставува најсмртоносен пожар во историјата на Македонија и најсмртоносен пожар во Европа по Пожарот во ноќниот клуб Колектив во Романија во 2015 година.

Пожарот е трета најголема трагедија во Македонија според бројот на жртви, веднаш по Авионската несреќа на Палер Македонија во 1993 година, а воедно претставува и настан со најголем број на вкупно повредени лица во историјата на државата.

Поголем дел од настраданите во пожарот биле млади лица на возраст од 16 до 24 години.

Текстот Една година по трагедијата Кочани жали за загинатите 63 жртви, меѓу кои и деца е превземен од МАКФАКС.