Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американската одлука за ублажување на санкциите за руската нафта не помага во напорите за завршување на војната во Украина.
Тој предупреди дека таквата мерка може да ѝ донесе на Русија околу 10 милијарди долари дополнителни средства за финансирање на војната.
„Ова американско ублажување на мерките може да ѝ обезбеди на Русија околу 10 милијарди долари за војната. Тоа сигурно не помага во постигнување мир“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз.
Тој исто така предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток може дополнително да го влоши и онака сериозниот недостиг од противвоздушни ракети во Украина.
Макрон повторно ја изрази поддршката за Украина, нагласувајќи дека ништо нема да ја одврати Франција од помошта за Киев и дека нема оправдување за укинување на санкциите кон Русија.
Фото: Depositphotos
Текстот Зеленски: Ублажувањето на санкциите за руската нафта може да ѝ донесе милијарди на Москва, тоа не помага за мирот е превземен од МАКФАКС.























