Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Кузман Јосифовски Питу“, „Кочо Рацин“ и улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од селото Волково, скопско, и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот на автомобилот го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Автобус и автомобил се судрија во Скопје, повреден 4-годишен патник – МВР трага по возачот на автомобилот е превземен од МАКФАКС.























