Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од водите на реката Вардар извлекле тело на женско лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која член од семејството во меѓувреме пријавил дека утрото, по 08 часот, излегла од дома и не се вратила.
Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.
Текстот Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје, познат иднетитетот е превземен од МАКФАКС.























