Во Милано, трамвај со дваесет патници се запали утрово, но никој не е повреден во инцидентот, според италијанските медиуми.
Инцидентот се случил околу девет часот во областа Меќената-Форланини, кога, според првичните информации, високонапонски мрежен кабел се скинал и паднал на покривот на трамвајот, предизвикувајќи искри и чад, објавува RAI Uno.
Ударот предизвикал мала пукнатина во металната конструкција на возилото и започнал пожар на покривот на трамвајот.
Third major tram problem in Italy in less than 2 weeks.
Milan, a fire on electrical equipment on the 27 route this morning… pic.twitter.com/uxtoqiF7uw— Chris Ogilvie (@Ogilvie_CJ) March 11, 2026
Возачот веднаш го запрел возилото, по што патниците биле безбедно евакуирани. Пожарникарите дошле на местото на настанот и го обезбедиле местото и возилото, а оштетениот трамвај подоцна бил отстранет.
Јавната транспортна компанија ATM објави дека инцидентот нема никаква врска со неодамнешното излетување на трамвај од шините што се случи кон крајот на февруари.
Трамвајската мрежа во Милано вклучува 17 линии, вкупно околу 160 километри пруги и со повеќе од 5.000 поаѓања дневно.
Текстот (Видео) Се запали трамвај во Милано е превземен од МАКФАКС.























