Кремљ ја обвини Велика Британија дека учествувала во смртоносниот украински напад врз рускиот град Брјанск, во кој биле користени британски ракети „Сторм шедоу“.

Гувернерот на Брјанската област соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку шест цивили, а 37 се ранети. Украина, пак, соопшти дека погодила клучна фабрика која произведува компоненти за руски ракети.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе ја земе предвид улогата на Велика Британија, тврдејќи дека лансирањето на ракетите не било можно без британски експерти.

Од Лондон засега нема коментар на обвинувањата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека целта на нападот била важна воена фабрика во Брјанск. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го осуди нападот и ги повика Обединетите нации да реагираат.

Текстот (Видео) Кремљ предупредува: Ќе ја земеме предвид улогата на Британија во нападот врз Брјанск е превземен од МАКФАКС.