Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче, во општина Аеродром, информираат од Град Скопје.

Со овој проект, како што појаснуваат, ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.

Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите на улицата.

„Со реконструкцијата на улицата „Лисец“ значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните, како и условите за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница“.

Надлежните најавуваат дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период, со реализација на повеќе капитални проекти во различни делови од градот.

Текстот Град Скопје: Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче е превземен од МАКФАКС.