Синоќа во 19:50 часот во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишија од слобода Н.Д.(28) од истото село.
При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит за Б категорија и дека го управувал возилото и со 1,77 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Стружанец возел без возачка и со 1,77 промили алкохол во крвта: полицијата му го одзема возилото е превземен од МАКФАКС.























