Според верувањата на фенг шуи и други енергетски традиции, едноставни предмети од секојдневието можат да помогнат во создавање хармонија во домот и подобар сон.
Еден од советите што во последниве години стана популарен е покрај креветот да се постави тегла со крупна сол. Се верува дека солта може да апсорбира негативна енергија и да придонесе за почиста и помирна атмосфера во спалната соба.
Според фенг шуи, теглата треба да биде стаклена и да се постави на ноќното шкафче, по можност од левата страна на креветот. Се препорачува да се користи сува крупна сол и да се менува на секои седум дена.
Оваа практика често се препорачува во спални соби каде има несоница, чести расправии или чувство на замор по будењето.
Исто така, според овие верувања, теглата не треба да се става под кревет или на место каде што не се гледа, а се советува и просторот под креветот да биде празен за да не се нарушува протокот на енергија во просторијата.
Текстот Фенг шуи совет: Крупна сол покрај креветот може да помогне за мирен сон е превземен од МАКФАКС.























