Министрите за финансии на Г7 одржаа онлајн состанок за влијанието на војната врз пазарите, откако цената на нафтата се искачи на повеќе од 119 долари за барел.

Јапонската министерка за финансии, Сацуки Катајама, изјави на брифинг дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) повика на координирано ослободување на стратешките резерви на нафта.

„ИЕА апелираше до секоја земја да ослободи дел од своите резерви на нафта на координиран начин“, рече Катајама, осврнувајќи се на состанокот на министрите на кој се разговараше за влијанието на војната со Иран врз пазарите, откако цените на нафтата денеска се искачија над 119 долари за барел.

 

фото/Depositphotos

Текстот Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви е превземен од МАКФАКС.