Денес шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе разгледаат воведување нови санкции против Русија поради апсењето на опозиционерот Алексеј Навални.

На состанокот се очекува да се разговара за некои руски официјални лица и да се одлучи дали ќе им се наметнат ограничувачки мерки поединечно или ќе се воспостави нов систем на ограничувања против кршењето на човековите права, но тешко дека ќе бидат воведени санкции за олигарсите блиски до претседателот. како што побарал Навални, пренесува АП.

– Advertisement –

Денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, апелираше до своите колеги од ЕУ да одобрат подготовка на нов пакет санкции против Русија во Брисел.

Официјални претставници на ЕУ најавија дека ќе воведат забрана за влез на територијата на ЕУ и ќе ги замрзнат финансиските ресурси за сојузниците на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Прикажи повеќе