Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за безбедносната ситуација на Блискиот Исток.

Во објава на „Икс“, Макрон наведе дека побарал гаранции за безбедноста и враќањето во Франција на француските државјани Сесил Колер и Жак Париз.

Тој исто така побарал Иран веднаш да ги запре нападите врз земјите во регионот и да ја гарантира слободата на пловидба со прекин на, како што наведе, фактичкото затворање на Ормутскиот теснец.

Макрон додаде дека Франција останува сериозно загрижена поради развојот на иранската нуклеарна и балистичка програма, како и поради, како што рече, дестабилизирачките активности на Иран во регионот.

Тој порача дека дипломатско решение е неопходно за да се спречи натамошна ескалација и да се зачува мирот. Макрон и Пезешкијан се договориле да останат во контакт.

Фото: Depositphotos

Текстот Макрон до Техеран: Веднаш запрете ги нападите и обезбедете пловидба низ Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.