Холивудскиот актер Кевин Костнер (71) беше забележан во разговор со 29-годишната манекенка Брукс Нејдер на отворањето на клубот „Зиро Бонд“ во Лас Вегас, пренесува „Ти-Ем-Зи“.
Двајцата седеле еден до друг за време на ВИП вечера во хотелот и казиното „Вин“, а фотографиите покажуваат дека разговарале насамо. Нејдер носела гламурозен фустан, додека Костнер бил облечен во црн костум.
Според извештаите, тие поминале време и во делот од клубот каде се игра рулет, блекџек и покер. Не е познато како се познаваат, но медиумите веднаш почнаа да шпекулираат за можна нова романса, иако изгледало дека станува збор за пријателски разговор.
Kevin Costner and Brooks Nader Get Close While Chatting at Las Vegas Casino https://t.co/ytU2qPS3ih pic.twitter.com/0WA9UW3kGW
— TMZ (@TMZ) March 7, 2026
На настанот присуствувале и други познати личности, меѓу кои Гвинет Палтроу, Орландо Блум и Рајан Филип.
Костнер последен пат беше поврзуван со Кели Нунан Горес, додека претходно беше во брак со Кристин Баумгартнер до нивниот развод во 2023 година. Манекенката Нејдер претходно беше во врска со Том Брејди и со танчерот Глеб Савченко, со кого настапи во американската верзија на „Танц со ѕвездите“.
Текстот (Фото) Кевин Костнер уживаше во друштво на 42 години помлада манекенка е превземен од МАКФАКС.























