Полицијата во Тетово приведе 32-годишен маж по пријава дека кај него живеело 15-годишно девојче на кое, според пријавата, не ѝ дозволувал контакт со родителите.
Како што информира МВР, на 07.03.2026 во 15:20 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово.
Претходно, 37-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и дека тој не ѝ дозволува комуникација со родителите.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: depositphotos
Текстот Тетовец уапсен по пријава дека задржувал 15-годишно девојче и не ѝ дозволувал контакт со родителите е превземен од МАКФАКС.























