Триесет и осумгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал со мопед на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Според информациите, на 07.03.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ф.А.(38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.А., кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Со мопед изгубил контрола и паднал на Партизански одреди, возачот тешко повреден е превземен од МАКФАКС.