Една жителка на Техеран изјави за Би-Би-Си Персија дека многу луѓе во Иран се чувствуваат очајно поради состојбата во земјата и насилното задушување на протестите.

„Никој не сака војна – таа е застрашувачка“, изјавила таа.

„Но тие два месеци беа толку страшни што луѓето едноставно повеќе не можеа да го издржат тоа“, додала, мислејќи на насилното задушување на протестите од страна на властите претходно оваа година.

Според неа, многу луѓе чувствуваат дека „попрво би загинале во бомбардирање отколку во затворите на Исламската Република, каде што има мачење и сексуално насилство“.

„Можеби тоа е тешко да се разбере за луѓето кои не се овде. Иранците не се воинствени ниту неразумни, тие едноставно толку многу страдаа што ја достигнаа својата граница и сè што сакаат е нормален живот“, додала таа.

Фото: ЕПА

Текстот Жителка на Техеран: Луѓето попрво би загинале во бомбардирање отколку во затворите на Исламската Република е превземен од МАКФАКС.