Израелските воздухопловни сили ја напаѓаат иранската нафтена инфраструктура во Техеран, јавуваат израелски претставници, а тоа го покажуваат и снимки објавени на социјалните мрежи.

Израелската војска (ИДФ) претходно соопшти дека започнала нов бран напади врз инфраструктурата на иранскиот режим во главниот град, додавајќи дека подоцна ќе објават повеќе детали.

Во меѓувреме, погодено е складиште за нафта во јужен Техеран, објави новинската агенција „Фарс њуз агенси“, поврзана со Иранската револуционерна гарда.

Фото: depositphotos

Текстот (Видео) Под напад иранската нафтена инфраструктура во Техеран е превземен од МАКФАКС.