Седумдесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека подолг период била психички вознемирувана од својот син.

Како што информира МВР, на 6 март во 22:30 часот во СВР Скопје, 79-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот син Г.В. (44) од Скопје ѝ барал пари и ѝ упатувал закани.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Текстот Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, полицијата постапува е превземен од МАКФАКС.