Седумдесет и шестгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил мотоцикл на улицата Младинска во Струмица, по што возачот го напуштил местото на несреќата.
Како што информира МВР, на 6 март во 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека мотоцикл удрил во А.Н. (76) од Скопје.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Текстот Мотоцикл удрил во 76-годишна жена во Струмица, возачот побегнал е превземен од МАКФАКС.























