Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го предупреди Либан дека ќе плати висока цена ако Хезболах продолжи да му се заканува на Израел.
Тој изјави дека Бејрут не ја исполнил обврската да ја разоружа групата поддржана од Иран, како што било предвидено со договорот за прекин на огнот од ноември 2024 година.
„Се обврзавте дека ќе го почитувате договорот и ќе го разоружате Хезболах, а тоа не се случува. Дејствувајте и преземете мерки пред ние да преземеме уште посериозни чекори“, порача Кац во обраќање до либанскиот претседател Џозеф Аун.
Тој нагласи дека Израел нема територијални претензии кон Либан, но нема да дозволи повторно да се случуваат прекугранични напади врз израелската територија.
Текстот Израелскиот министер за одбрана го предупреди Либан: Ќе платите висока цена ако Хезболах продолжи со заканите е превземен од МАКФАКС.























