На социјалните мрежи се прошири вирална теорија дека Хари Стајлс во својата нова песна „Paint By Numbers“  користел дел од мелодијата од познатата регионална песна „Лутка“ на бендот С.А.Р.С..

Корисници на ТикТок објавуваат видеа во кои ги споредуваат двете песни и тврдат дека звучат слично, што предизвика бројни реакции меѓу фановите.

@kdlolt #harrystyles #sars #kissallthetimedicsooccasionally #molim #kajeovofrende ♬ Welcome To The Store (STEM pad) – Homegrown / BMGPM

Засега нема официјални обвинувања за плагијат, ниту пак се огласиле музичарите.



„Paint By Numbers“ беше објавена на 6 март како дел од четвртиот студиски албум на Стајлс „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“.

Од друга страна, „Лутка“ е една од најпознатите песни на белградскиот бенд С.А.Р.С., објавена на албумот „Куќа части“ од 2013 година. Песната со години е меѓу најслушаните регионални љубовни балади.

Фото: Depositphotos

Текстот (Видео) На „Тик-Ток“ ги споредуваат песните: мелодија од новата песна на Хари Стајлс потсетува на „Лутка“ на С.А.Р.С. е превземен од МАКФАКС.