Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари.

Случајот бил пријавен на бројот 112.

Пожарот е изгаснат.

Текстот Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари е превземен од МАКФАКС.