На 6 март (петок) 2026 година во Бугарскиот културно информативен центар со почеток од 12 часот ќе се одржи информатива средба со претставници од Министерството за образование и наука на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство, наменети за ученици и идни студенти заинтересирани за студирање во бугарските високообразовни институции, јавува Трибуна.
За време на средбата ќе биде презентиран начинот на аплицирање, целокупната постапка и потребните чекори за пријавување на универзитетите во Бугарија. Присутните ќе добијат информации за студиските програми, условите за запишување, формите на поддршка и други практични аспекти поврзани со образованието. Предвидено е и директно поставување прашања, при што учесниците ќе добијат официјални насоки од надлежните институции.
Според објавениот распоред информативни средби се предвидени на 7 март (сабота) во хотел „Милениум“ Битола, со почеток од 11 часот и на 8 март (недела) во хотел „Есперанто“ во Струмица со почеток од 11 часот.























