Полицијата доцна попладнево не успеала да го најде Сашо Мијалков на адресата во комплексот Панорама на Водно за да му го врачи решението за куќен притвор кое вечерва според информациите на Телма е донесено од скопскиот кривичен суд.

Полициски патроли кои требало да му го достават решението се пред неговиот дом, додека други полициски службеници проверуваат други бизнис локации поврзани со екс началникот на УБК, како и во зградата кај Домот за деца без родители, каде Мијалков исто така има стан.