Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека мирот во Украина мора да биде под условите на Киев.

„Во Киев по десетти пат од почетокот на војната. Да повториме дека Европа стои покрај Украина, финансиски, воено и во текот на оваа сурова зима. Да ја нагласиме нашата континуирана посветеност на праведната борба на Украина. И да испратиме јасна порака и до украинскиот народ и до агресорот: нема да се откажеме додека не се воспостави мир. Мир под украински услови“, напиша фон дер Лајен на мрежата Икс, откако пристигна во Киев со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да ја поддржи Украина на нејзината четврта годишнина од почетокот на руската агресија врз оваа земја.

По пристигнувањето во Киев, Кошта во соопштение на мрежата Икс изјави дека „потребна е заедничка решителност за да се обезбеди праведен и траен мир во Украина“.

Четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина завршува денес, а конфликтите на бојното поле продолжуваат заедно со трилатералните мировни преговори иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.

Текстот Фон дер Лајен: Мир во Украина само под условите на Киев е превземен од МАКФАКС.