Бет Корбер, истражувачка во Националната лабораторија „Лос Алмос“ во Ново Мексико, откри нешто што се карактеризира како „прилично јесен“ доказ за силно мутирана хибридна верзија на коронавирусот, која произлегува од спојување на геноми на две варијанти на коронавирусот.

Хибридниот вирус е резултат на рекомбинација на варијантата „B117“, многу заразна верзија која потекнува од Велика Британија, комбинирана со мутација што била најдена во Калифорнија наречена „B1429“, известува „New Scientist“.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Овој хибрид може да биде одговорен за неодамнешниот бран на нови случаи во Лос Анџелес затоа што носи мутација што го прави отпорен на некои антитела.

Доколку се потврди, ова ќе биде првиот мутиран хибрид што ќе се открие во оваа пандемија. Во декември и јануари, две истражувачки групи независно објавија дека не виделе докази за генетска рекомбинација, иако долго време се очекуваше, бидејќи тоа е вообичаено кај коронавирусите.

За разлика од редовните мутации, каде промените се акумулираат една по една, а тоа е начинот на кој се појавиле варијантите како што е „B117“, рекомбинациајта може да обедини повеќе мутации во една.

Profimedia
Profimedia

Рекомбинацијата може да биде од голема еволутивна важност“, вели Франсоа Балу од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Многумина сметаат дека на истиот принцип настанал и „SARS-CoV-2“.

Рекомбинацијата може да доведе до појава на нови и уште поопасни варијанти, иако сè уште не е јасно колкава закана може да претставува овој новооткриен хибрид.

Корбер видела само еден рекомбинантен геном меѓу илајдници секвенци и не е јасно дали вирусот се пренесува од личност на личност или е еднократна појава.