Американската ријалити ѕвезда и мултимедијална личност, Парис Хилтон, беше запросена од нејзиното момче Картер Реум, на 17 февруари, точно на денот кога таа наполни 40 години.
Парис на својата веб-страница „parishilton.com“ се пофали со видео, од кое може да се види дека прстенот е направен специјално за неа. Дизајнерот креирал модел на прстен кој го носи нејзиното име, а на видеото можете да видите како го црта и слика масивниот дијамантски прстен и се обидува да ги пренесе сите детали што е можно попрецизно. Прстенот се состои од главен дијамант, а околу него има десетици помали дијаманти.
„Нејзиниот веренички прстен вреди околу 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената е скоро 2 милиони долари“, изјави Кетрин Мани, која е специјализиран продавач на дијаманстки прстени во компанијата „Brilliant Earth“.
„Тоа е импресивен прстен. Класичен дизајн кој ги означува минатото, сегашноста и иднината, многу убаво дизајнирано. Со врвен квалитет на дијамант, го проценувам прстенот помеѓу 1,5 до 2 милиони долари”, изјави Денис Степански, основач и сопственик на „It’s Hot Diamond Jewelry and Watches“.
Парис се пофали на нејзината страница, а притоа ја сподели и информацијата дека се ангажирани најдобрите експерти и занаетчии за да и го направат вереничкиот прстен, но објави и видео од дизајнот на нејзиниот скапоцен веренички прстен, рачно насликано во студиото на Жан Дусе, наследникот на Луј Картие.
„За овој специјален проект се собрани најдобрите обработувачи на дијаманти и златари“, напиша Парис на својата страница.
Да потсетиме, ова е четврти свршувачки на Парис Хилтон, откако се вери во 2002, 2005 и 2018 година, а фановите се надеваат дека овој пат конечно ќе се омажи.