Руски експерти измислија носна верзија на „Спутник Ве“, како дополнителна форма на заштита од вирусот корона, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека сите три фази на клинички испитувања на овој препарат ќе бидат спроведени во Москва.
„Истражуваме нови начини за заштита од вирусот корона. Експертите развија назална верзија на “Спутник Ве” со која се формира имунитет во зоната на носната празнина. Овој препарат нема да ја замени вакцинацијата, но може да биде добра дополнителна форма на заштита. Планираме да ги спроведеме сите три фази на клинички испитувања во Москва“, изјави градоначалникот.
– Advertisement –