Република Бугарија со загриженост ги забележува најновите, конструкции на властите во Скопје, кои остро се разидуваат со суштината на Европскиот консензус од 2022 година, стои во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи, по денешната изјава на премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.
Прашањето на кој јазик треба да биде подготвен Планот за правата на заедниците, што се очекува Северна Македонија, е внатрешно прашање на соседната држава и не претставува тема на билатералните односи. Документот ќе го применуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е да биде изготвен на јазик што им е достапен. Одлуката на Скопје да го претстави нацрт-планот пред своите граѓани на англиски јазик тешко може да се објасни, особено доколку се планира Планот реално да се применува.
Бугарската страна потсетува дека Планот за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот, процес што сè уште претстои и кој ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори.
Во исто време, Бугарија ги поздравува изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека „ќе ги прифати во Планот сите други забелешки“ на бугарската заедница и очекува тоа ветување да биде исполнето.























