Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати допис до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин се таргетира новинар.
ЗНМ изрази сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во демократско општество, ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија.
Текстот ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите е превземен од МАКФАКС.






















