Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани се 122 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 5 починати лица.

Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.