Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања при посетата на една фабрика во Гази Баба, изјави дека не гледа проблем да стои етничката припадност во личните карти.
-Не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, кој што се обидуваат да го спречат сето тоа, вели Мицкоски.
Постои иницијатива за промена на законското решение со кое ќе се овозможи во личните карти во иднина, освен државјанството, да стои и етничката припадност на граѓаните.