Претседателот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на радио Канал 77 изјави дека, доколку е проблем пандемијата со коронавирусот, зошто тогаш да не се размисли за одложување на пописот за два три месеци, а кој е планиран во април месец. Како што вели тој, опозицијата бара да се одржи следната година, но тој не се согласува со тоа, меѓутоа порачува дека Владата може да размисли да се одложи за месец или два.
-Не барам одложување на година.Само поради аргументите на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, дека поради пандемијата може нема да ви отворат… Ако тоа е проблем, чекајќи ги вакцините, поради страв кај некои граѓани, заради пандемија само, зошто не би го одложиле на месец или два?! Пописот ни е потребен, проблем не е законот, туку терминот. Ако е проблем короната, може владата да размислува за одлагање за месец – два, вели претседателот Пендаровски.