Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.

„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.

Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.

Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.

Не ви се плашиме.

Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.

Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.

„А на крај ќе одговарате.

Работата се уште не е завршена“.

Текстот Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.