Белоруското Министерство за надворешни работи денес го повика литванскиот вршител на должноста амбасадор во таа земја, Ерикас Вилканецкас, и поднесе протестна нота откога дронот полета од Литванија, прелета над Белорусија и Полска и се врати во Литванија.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Минск ги смета ваквите дејства за намерна провокација не само против Белорусија туку и против Полска, објавува агенцијата „Белта“.
„Ваквите дејства претставуваат закана за безбедноста на Република Белорусија и се директно кршење на меѓународното право, вклучително и Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство“, се вели во соопштението.
Дронот наводно прелетал во воздушниот простор на Белорусија во неделата, 30 ноември.
Фото: ЕПА
Текстот Минск го обвинува Вилнус за намерна провокација по прелетувањето на дронот е превземен од МАКФАКС.























