Сара Бекстром, една од двајцата припадници на Националната гарда застрелани во Вашингтон, почина, изјави синоќа американскиот претседател, Доналд Трамп.
„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, величествена личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас“, рече Трамп во своето прво обраќање во живо по пукањето.
Две лица беа застрелани во средата во Вашингтон недалеку од Белата куќа.
„Сторителот е исто така сериозно повреден и ќе плати скапо за своите постапки“, додаде Трамп. Белата куќа е ставена на високо ниво на безбедност по инцидентот.
Осомничениот за нападот е Рахманула Лаканвал, 29-годишен авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година откако работел со американската влада, вклучително и со ЦИА, во Авганистан. Лаканвал исто така бил повреден во инцидентот и хоспитализиран, а претседателот Доналд Трамп вети дека осомничениот ќе „плати највисока можна цена“ за овој „акт на терор“, објавува Би-Би-Си.
Бекстром се пријавила доброволно да служи во главниот град за време на Денот на благодарноста. „Таа се пријави доброволно, како и многу од овие стражари и гардистки, за да можат другите луѓе да бидат дома со своите семејства, а сега нивните семејства се со нив во болнички соби и се борат за своите животи“, рече претходно обвинителката.
По пукањето, Трамп ги забрани миграциите од третиот свет.
Текстот Почина младата гардистка застрелана кај Белата куќа, осомничен е Авганистанец кој работел со ЦИА е превземен од МАКФАКС.






















