ПОЛТРОНИЗМОТ на челниците на ИВЗ на Македонија или нивната ПАРАДОКСАЛНОСТ ???)
Дали нарушените односи помеѓу Кралството на Саудиска Арабија и актуелното челништво на ИВЗ на Македонија се причина за неприсуствувањето на Македонија, и тоа во ниту една форма или ниво, на меѓународната конференција на иницијативата за идни инвестиции (Future Investment Initiative (FII9) одржан во Ријад во Кралството на Саудиска Арабија од 27-30 октомври 2025.
Имено, неколку медиуми на албански јазик во земјата, известија за сериозно нарушени односи помеѓу ИВЗ и властите на Кралството на Саудиска Арабија, а секако и со амбасадата на Кралството на Саудиска Арабија, задолжена и за Северна Македонија со седиште во Тирана Република Албанија. Медиумите јавија за затегнатост до степен на ризикување на организирањето и патувањето на аџилак на муслиманите на Македонија, а кои, веќе најверојатно ги уплатиле парите за патување на хаџ во 2026 година, а тоа ќе биде преку анулирање издавање визи за ИВЗ на Македонија, за хаџот 2026 година, односно, деновиве сме сведоци, и за зголемен и зачестен дипломатски сообраќај и укори, на релација ИВЗ на Македонија и амбасадата на Кралството на Саудиска Арабија во Тирана, така што, во итна и ненајавена посета минатата недела Саудискиот Амбасадор со седиште во Тирана, во Скопје, се сретна само со претседателот на Собранието г-дин Африм Гаши, односно, само по два дена, Шаќир Фетаи беше повикан на итна средба во Тирана, зошто? ќе покаже времето.
Темата на 9-тото издание на Иницијативата за идни инвестиции (FII9), „Клучот за просперитет: Отклучување на нови граници на раст“, ги собра највлијателните светски лидери за да го пронајдат клучот за глобален просперитет, отклучувајќи нови решенија и патишта напред. Просперитетот повеќе не е линеарен пат. Човештвото сега мора да помине низ низа сложени парадокси: парадоксот на напредокот, каде што напредокот создава токму пречки што го забавуваат идниот раст; парадоксот на иновациите, каде што пробивите генерираат ограничувања што го попречуваат следниот изум; и парадоксот на фрагментацијата, каде што глобалната интеграција го поттикнува токму расцепувањето што требаше да го надмине. FII9 ќе се соочи со овие сложени реалности, не како пречки, туку како можности за раст.
За жал Република Македонија, заради полтронизмот на челниците на ИВЗ, како и многу пати досега, пропушти уште еден голем меѓународен настан, од кого, како држава, сигурно ќе имавме големи бенифити и придобивки, односно додека ние, и како држава, а и како припадници на Исламот се замајуваме со парадоксот ИВЗ, од друга страна, нашите соседни држави, на ова многу значајна конференција, организирана под покровителство на престолонаследникот принцот Мухаммед бин Селман, присуствуваа во највисоко ниво, г-дин Румен Радев Бугарија, г-дин Еди Рама Албанија и г-ѓа Вјоса Османи Косово, впрочем ако ги прочитате или слушнете изјавите на нашите соседи, ќе видите дека тие се вратија многу задоволни и со многу успеси, впрочем и претседателот на Бугарија Румен Радев, и премиерот на Албанија Еди Рама, јавно се пафалија и за билатералните средби со принцот Мухаммед бин Селман, секако овде, мора да спомнеме дека највпечатлив беше случајот со Косовската претседателка Вјоса Османи, која беше придружувана од претседателот на ИВЗ на Коаово Наим Трнава, всушност, Вјоса Османи од Ријад се врати со куп успеси, додека на нашата ИВЗ, нека и служи на чест.
Плуми Велиу
Поранешен битолски муфтија
Извор: Либертас






















