Земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора околу 13 часот, наведува Секторот за сеизмологија на црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија.
Епицентарот на земјотресот бил 44 километри северно од Херцег Нови и седум километри југоисточно од Билеќа.
Земјотресот е лоциран на длабочина од 24 километри, а потресот се почусвтвувал и Дубровник, Мостар, Требиње.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M3.7 in Montenegro 41 min ago pic.twitter.com/hnQmVnwW3D
— EMSC (@LastQuake) February 11, 2021