Федералната антитерористичка агенција на Индија го уапси Амир Рашид Али од Кашмир, кој е обвинет за заговор со наводниот бомбаш-самоубиец Умар Ун Наби, жител на Пулвама, за експлозијата во Делхи минатата недела. При нападот загинаа осум лица, а најмалку 20 беа повредени.
Националната истражна агенција соопшти дека Али дошол во Делхи за да го олесни купувањето на автомобилот користен како „импровизирана експлозивна направа“.
Запленети се и други возила за испитување, а се испитани 73 сведоци, вклучувајќи ги и повредените.
Владата го третира инцидентот како „терористички напад“ и најави дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Експлозијата се случи пред историската Црвена тврдина и е прва ваква во Делхи од 2011 година.
Текстот Индија уапси жител на Кашмир поради експлозија на автомобил во Делхи е превземен од МАКФАКС.























