Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека спречила атентат врз висок руски владин функционер во Москва, кој го планирале украинските разузнавачки служби.

Уапсени се тројца соучесници во заговорот, руски сопружници и мигрант од централноазиска земја, објави Центарот за односи со јавноста на ФСБ, пренесува ТАСС.

Нападот бил планиран на гробиштата во Москва, на гробот на роднина на овој висок руски владин функционер, а осомничените користеле видеокамера скриена во вазна со цвеќе, се вели во соопштението.

Како што прецизира ФСБ, „за да го подготват атентатот врз владин функционер, украинските специјални служби регрутирале нелегален мигрант од централноазискиот регион и двајца претходно осудени наркомани на руски државјани, како и Жалолидин Курбанович Шамсов, роден во 1979 година, кој живее во Киев и е баран од руските власти за убиство и нелегална трговија со оружје“.

Запленети се комуникациски уреди, кои откриваат преписка меѓу притворените и украински разузнавач на WhatsApp и Signal, што го потврдува планот за атентат, како и камера за надзор скриена во вазна за цвеќе со далечинско управување и можност за пренос на податоци во странство, која била користена при подготовка на терористички напад, соопшти ФСБ.

Нелегален имигрант и осомничени Руси се приведени во Москва.

ФСБ не открива кого точно имале намера осомничените да го убијат, но рече дека има информации за подготовка на слични кривични дела во други региони на Руската Федерација, соопшти агенцијата.

Фото: принтскрин

Текстот Камера во вазна со цвеќе на гробишта: обид за атентат врз висок владин функционер во Москва е превземен од МАКФАКС.