Рамадан Рамадани
Како и често пати, но сега по овој резултат од локалните избори во Македонија, се појавија уште повеќе дефетисти. Со дефетисти ги подразбирам сите оние лузери, пропагандисти, конјунктуристи и опортунисти во делот од јавноста на албански јазик во земјата кои се појавуваат и излегуваат насекаде што можат; правејќи бучава и празна пропаганда и обидувајќи се да ги претстават поразите на своите кланови, секти, партии па и на нив самите како општи албански загуби Да, овие и таквите навистина загубија и беа поразени, но ова беше политичка победа на Албанците од Македонија.
1) Албанците, без никакво шовинистичко поведение, добија градоначалници албанци во плус две општини и го казнија анти-албанскиот шовинизам во многу други општини.
2) Албанците го сменија политичкото претставување на републичко ниво и тие повеќе не се претставувани од ниту еден неук од политичката школа „Спушти-Опни“, на Али Ахмети. Со овој резултат, ова промена стана уште повеќе јасна за другите сограѓани во земјата, но и за сите меѓународни претставници. И исто така, што е многу важно за Албанците од Македонија, и за Албанците во Албанија и Косово.
3) Оваа промена тие ја направија без ниедна жртва против една параполитичка организација како ДУИ, која сите се се сеќаваат како се однесуваше во 2006 година кога првпат не беше на власт и со каква врева се врати потоа на власт во 2008. Албанците, значи, без ниту еден трн, го сменија некои кои дури и на внатрепартиски избори за претседатели на ограноци имаа убиства и жртви во луѓе.
4) Без многу викање и без да ја поганат устата, им ја тргнаа таблицата на албанското политичко претставување на некои толку пис и погани, кои често и сега во изборната кампањата, многу пцуеја. И уште повеќе, тие неколку пати го пцуеја и сопствениот народ, кој претендираа дека го претставуваат.
5) И ова го направија со толку малку излезеност и при толкави стапки на преостаната резидентна популација во оваа држава. Албанците ја соборија една структура која одамна, со цифрите на миграција и протерување на Албанците од тука, одамна ги беше надминала дури и Ранкович и Југославијата на Тито.
Ова беше повеќекратна победа, но можеби затоа што беше толку мирна и елегантна, остана неразбрана од страна на некои кои се многу тазе за да ја разберат албанштината во земјата и во јавноста. Оние што не ја разбраа се оправдани, но овие конјунктуристи и дефетисти многу добро го знаат и резултатот и ја гледат табелата!























