Драма се одвиваше вчера во местото Трнови во близина на Велика Кладуша, каде што сообраќајна несреќа прерасна во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување луѓе со автомобил.

Според очевидци, во инцидентот биле вклучени татко и син, а вознемирувачките снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.

Сè започна кога „голфот“ премина во спротивната лента и предизвика судир. По несреќата, двајцата мажи во „голфот“ застанаа на блиска раскрсница, каде што ситуацијата ескалираше.

Набрзо избувна вербална, а потоа и физичка пресметка со други учесници во сообраќајот. Двајцата од „голфот“ се судрија со возачот на сив автомобил кој не беше вклучен во несреќата и го удрија. Според снимките објавени на интернет, возачот на „голфот“ исто така беше погоден во тепачката, по што неговиот сопатник седна зад воланот, го запали моторот и вози со полн гас кон групата луѓе со кои штотуку се расправаа.

Потоа го сврте автомобилот и повторно се залета во луѓето.

Во хаосот што настанал е повредено најмалку едно лице. Според првичните информации, повредениот пешак е префрлен во болница.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Татко и син предизвикаа несреќа во БиХ па се степаа: потоа синот тргна да гази луѓе со својот автомобил е превземен од МАКФАКС.