Утре попладне на градничниот премин „Табановце“ ќе пристигне првата пратка од ветените 8 илјади вакцини „Фајзер“ од Србија. Според информациите кои ги соопшти Владата, вакцините ќе ги донесе српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе биде пречекан од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Пред околу еден месец Србија вети осум илјади вакцини за Македонија. Иако се понудени како донација, сепак Заев порача дека тие ќе бидат платени по набавна цена.

Ова ќе бидат практично првите дози на било која вакцина против Ковид 19 што ќе пристигнат во Македонија. Се очекуваат 200 илјади дози од кинеската „Синофарм“, но и други до крајот на овој месец.