Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, поставува прашање како еден политичар истовремено може да биде пратеник, доктор, професор, земјоделец и корисник на државно земјиште преку концесија.
Велковски прашува како истиот политичар може да биде сопственик и косопственик на неколку големи фирми и да биде поврзан со компании што работат со државата преку тендери.
Во објавата се наведува и дека политичарот е член на управни одбори на неколку странски и домашни компании, како и дека се појавува на берза со злато, крипто и електрична енергија.
Велковски поставува прашање како е можно, покрај тоа, да се прима државна плата неколку пати над просечната, додека „обичниот човек да се бори за опстанок и повторно да му биде верен гласач“.
„Кој кого овде прави будала?“, прашува Велковски.
Тој прашува и до кога народот ќе гласа за систем во кој, како што наведува, едни собираат функции и богатство, а други се борат за нормален живот.























