Се чини дека настанот во Њујорк, наречен „PAC NYC Icons of Culture Gal“, бил семеен излет за Карис Зета Даглас и нејзиниот татко Мајкл Даглас.
Таткото и неговата сакана ќерка блескаа на црвениот тепих, а многумина беа воодушевени од црниот фустан од чипка што го носеше 22-годишната Карис.
Имено, станува збор за винтиџ парче кое првично го носеше актерката Кетрин Зета Џонс на церемонијата за воведување во Рокенрол куќата на славните. Сега, 20 години подоцна, нејзината ќерка го носи.
Карис го комплетираше стајлингот со едноставни црни чевли и црвени обетки, што го направи изгледот беспрекорен.
Патем, Карис откри за списанието „Пипл“ дека го сака винтиџ стилот и дека не е љубител на брзата мода од еколошки причини. Поради оваа причина, таа често избира да ги носи старите работи на нејзината мајка.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Ќерката на Кетрин Зета-Џонс во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 20 години е превземен од МАКФАКС.
 
		