Вчера во 15:15 часот во село Речане, гостиварско, полициски службеници го уапсија Н.С.(22) поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според информациите на МВР, истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола е превземен од МАКФАКС.























