Во Културно информативниот центар во Скопје утре, 31.10., во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија.
Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.
Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Текстот Изложба „Мал формат-Миниартура“ во Културно информативниот центар во Скопје е превземен од МАКФАКС.























