Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 407 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 9 починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.