Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, во објава на „Фејсбук“ оцени дека „ВЛЕН“ отворено соработува со ДУИ на локалните избори.

„Едно резиме за колегијалноста во владината коалиција: ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат, а во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски,“ напиша Мојсоска.

Таа додава дека и во Кичево ВЛЕН настапил со свој кандидат, а лидерот на Беса, Билал Касами, јавно ја дал поддршката за ДУИ: „Кичевско ВЛЕН срамежливо вели ‘по сопствено убедување да се гласа’. Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на ВЛЕН, нели?“

Мојсоска наведува дека единствената општина каде ВЛЕН немал кандидат е Чашка, каде со поддршка на ВЛЕН и ДУИ уште во прв круг победил кандидатот на ДУИ.

„Значи, ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – Чашка, Брвеница и Кичево,“ пишува Мојсоска, додавајќи дека тоа најверојатно е „како благодарност што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без свои кандидати“.

Текстот Мојсоска: ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – Брвеница, Кичево и Чашка е превземен од МАКФАКС.