Вчера во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен 70-годишен Германец на Табановце: пронајдена е марихуана во возилото кое го управувал е превземен од МАКФАКС.